Добивањето на работа во Фејсбук не е лесна задача, а тоа го докажуваат и прашањата кои Фејсбук ги поставува за време на интервју за работа.
Мора да поседувате извонреден талент и секако да го импресионирате Цукерберг. Токму во тоа успеал, Мајк Сајман, еден од најмладите вработени во Фејсбук.
Раскажувајќи ја неговата приказна во „TechPrep“ видео, Мајк вели дека тој успеал да се грижи за целото негово семејство за време на рецесијата, кога неговото семејство ја изгубило куќата.
Пред 5 години овој тинејџерски генијалец развил интерес за програмирање и одлучил да ја направи својата веб страна врз основа на WordPress за да ги споделува неговите совети и трикови за омилената игра „Disney's club penguin“.
Тогаш поминала една година откако Стив Џобс го најавил отворањето на iOS продавницата за апликации. Мајкл сакал да има код за мобилна апликација за неговата веб страна да стане повеќе популарна. За жал, не познавал никој кој би можел да го научи како да напише апликација. „Беше ужасен процес на учење, апсолутно најлош. Моето училиште не нудеше часови по компјутери, па затоа одлучив да научам сам“, вели тој.
Тој одлучил да научи преку интернет и сфатил како да ја направи неговата апликација. За регистрација во продавницата за апликации му биле потребни 100 долари. Со оглед на тоа што неговото семејство имало потешкотии со финансиите, неговата мајка му рече дека ако не може да успее да ја продаде апликацијата, ќе мора да работи за ресторанот кој го имал неговото семејство.
Кога ја објавил неговата апликација, тој период имало само 1.500 апликации во iOS продавницата. На крајот, неговата апликација се искачи и беше меѓу најдобрите 10. Првиот ден заработил 40 долари, потоа 120 долари и 179 долари. Првиот месец заработил 5.000 долари.
„Откако пристигна првиот чек, и кога го погледнав си помислив: „Боже, тој заработува повеќе од мене!“, вели неговата мајка Кристина Сајман.
Истовремено, поради рецесијата, неговото семејство финансиски се борело и неговиот татко ја изгубил работата. Во тој период Мајк ја создал играта „4 snaps“. Во играта играчите треба да направат 4 фотографии, а другите треба да го погодат зборот. Во тоа време, додека работел на апликациите, попуштил со учењето и не успеал да ги направи сите тестови.
Тој започнал да ги рекламира неговите апликации преку Инстаграм и за тоа плаќал 40 долари денот - нешто што едвај можел да си го дозволи. Но, неговиот ризик и тоа како се исплатил; неговата апликација се искачила на 127-то место во продавницата и на крај успеал да стигне до 1-во место.
Технолошките компании како Фејсбук ги следат овие деца, па истото било и со Мајкл. Регрутер од Фејсбук успеал да стапи во контакт со Мајкл и му понудил пракса во текот на летото. Заедно со неговата мајка, Мајкл бил поканет да ја разгледа компанијата на Фејсбук.
„Тоа е Дизниленд за технолозите“, се потсетува Мајкл. Во врска со неговата средба со Цукерберг Мајкл вели: „Цукерберг седеше на неговата маса со нозете на биро, држејќи фудбалска топка, а јас во себе си велам: „Ова е реално? Дали ова што ми се случува е навистина реално?“
Мајкл успеал да добие пракса за 6.000 долари месечно, а денес тој е софтверски девелопер за Фејсбук. Ова се неколкуте негови апликации:
Club Penguin Cheats app
4 Snaps
Super Stickman Jump
PokeGear
Bubble Bounce
GuideZilla
The Impossible
Doodle Town