„Apple“ за десетгодишнината од „iPhone“ подготвува револуционерни подобрувања, а на Интернет веќе со месеци кружат информации за тоа што би можело следно да понуди компанијата. Ова се претпоставките што идниот модел на „
iPhone“ може да поседува.
1. Веројатно ќе го носи името „iPhone“, а можеби и не
Многумина сметаат дека компанијата ќе го прескокне „
iPhone 8“ и веднаш ќе премине на „iPhone 10“или „iPhone X“, иако се веруваше дека ќе се презентира моделот „iPhone 7S“.
2. Доаѓа и трет модел
Постои и можност компанијата да презентира подобрена верзија 7S, но паралелно да презентира уште ден уред наменет за напредните корисници. Па, можно е на пазарот да се појави и „iPhone 8 Pro“.
3. Поддршка за „Apple Pencil“
Оваа алатка се користи за „iPad Pro“ таблетот, а се очекува оваа година да се подобри уредот и да се спои со „Pro“ верзијата на „iPhone“.
4. Безжично и брзо полнење на батериите
Се работи на модули за безжично полнење и подобри батерии за овие модели на телефони. Експертите веќе работаат на ова поле.
5. Новиот модел најтенок до сега
Очекувано подобар модел и најтенок до сег. Нов дизајн и повеќе функции.
6. Поголем OLED екран
Многумина веруваат дека ова ќе биде најголем уред со 5,8 инчен „OLED“ екран. Можеби ќе бидат отстранети и црните рабови, па корисниците ќе имаат чувство дека дисплејот е уште поголем. Се работи и на подобра резолуција.
7. Подобар процесор
Новиот уред треба да биде побрз од претходниот, а тоа ќе биде благодарение на „A11“ процесот кој би требало да биде поделен на две плочи заради поголемиот екран.
8. Без „Home“ и алуминиум
Уште еден новитет со цел екранот да биде поголем. Компанијата ќе се ослободи од алуминиумската рамка која се користи на шестките и седмиците.
9. Скенер на зениците
Се претпоставува дека ова ќе биде достапно, па телефонот ќе може да се отклучи само со гледање во него.
10. Камера со поддршка за проширена реалност
Нема сомнение дека и „Apple“ ќе ја разгледа оваа идеја. Освен тоа, се очекува и новите камери со двојни леќи да овозможат светот да се гледа преку екран кој реалноста ќе ја збогати со 3Д објекти и тоа со неверојатна прецизност.
11. Нова боја
Се претпоставува дека освен белата, црната и металик, ќе има и црвена боја на уредот.
12. Ќе биде поскап
Се претпоставува дека најновиот модел ќе биде значително поскап од „Plus“ верзијата.