X
 19.07.2018 Живот

Нелсон Мандела: „Сакам пријатели што имаат независен ум бидејќи ве наведуваат да ги согледате проблемите од сите можни агли“

„Верувајте во правдата.“

„Храброста секогаш ќе триумфира над стравот.“

„Напредокот доаѓа преку напорна работа.“

„Бидете горди на своите уверувања.“

„Сочувствувајте со сите живи битија.“

„Бидете скромни.“

„Нема смисла да мислите на она што поминало и на она што ќе се случи во иднина.“

„Никогаш не престанувајте да се смеете.“

„Изборите што ги правите нека бидат рефлексија на вашите надежи, а не на вашите страдања.“

„Сè изгледа невозможно додека не биде направено.“

„Победникот е сонувач што не се откажува.“

„Образованието е најмоќното оружје што може да го користите за да го промените светот.“

„Научив дека храброста не е отсуство на страв, туку негово совладување. Храбар човек не е оној што не се плаши, туку оној што ќе го победи стравот.“

„Умната глава и доброто срце секогаш се импресивна комбинација.“

„Јас сум господар на мојата судбина, јас сум капетан на мојата душа.“

„Бедата не е случајност. Како и ропството и апартхејдот. Тие се човечки творби и можат да се отстранат со човечко дејство.“

„Совладувањето на бедата не е чин на милосрдие, туку на правдина.“

„Сакам пријатели што имаат независен ум бидејќи ве наведуваат да ги согледате проблемите од сите можни агли.“

„Додека има беда, не постои вистинска слобода.“

„Нека има работа, леб, вода и сол за сите!“

„Огорченоста е како отров кој вие го пиете, а се надевате дека ќе ги убие вашите непријатели.“

„Победник е оној што знае да сонува и од сонот да не се откажува.“

„Можеме да го промениме светот и да го направиме подобро место за живеење. Останува на нас да ја направиме разликата.“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот