X
 24.10.2019 Живот

Во Данска поместиле светилник за 70 метри за да не падне во морето

Светилникот Рубјерг Кнуде, кој се наоѓа во северните песочни дини во Данска, беше преместен, првпат по 120 години. Со помош на платформа со тркала е поместен за 70 метри поради ерозијата на земјиштето што се закануваше да го урне историскиот споменик во морето.

Светилникот е тежок 720 тони. Операцијата траела неколку часа, а била планирана 10 недели. Земјиштето околу зданието ќе биде пополнето со цемент.

Рубјерг Кнуде е популарна туристичка дестинација која годишно привлекува околу 250.000 луѓе.

Светилникот почна да се гради во 1899 година, а првпат засвети на 27 декември 1900 година. Кога беше изградена, кулата беше 200 метри оддалечена од морето. Но, ерозијата на земјиштето го намалувала тоа растојание за 2 метра годишно.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот