X
 21.03.2020 Живот

Данска ќе почне да им испраќа домашни тестови за коронавирус на граѓаните

Данска ќе почне со испраќање на домашните тестови за коронавирус за да добие подобар преглед на неговото ширење.

- Во оваа ситуација се соочуваме со предизвик - луѓето што имаат инфекции на горните патишта не треба да одат на болница - изјави Тајра Гров Краус од данскиот истражувачки институт Ес-ес-ај, кој работи под министерството за здравство и е одговорен за надзор на заразните болести.

Тајра Гров Краус, која е шеф на единицата за инфективна епидемиологија и превенција, изјави дека материјалите за тестирање ќе бидат испратени до локалните здравствени клиники низ целата земја.

Пациентите што ќе се јават во клиниката може да земат тест преку роднина, ќе обезбедат примерокот во домашни услови и ќе го достават до клиника, која подоцна ќе го проследи до лабораторијата.

danska
Фото: Pixabay

Но, бидејќи бројот на случаи почна да расте, минатата недела земјата одлучи да престане да тестира благи случаи и да се концентрира на оние со сериозни симптоми.

Данска има 1.226 заразени лица и 9 смртни случаи. Земјата спроведува мерки за социјално дистанцирање, вклучувајќи и забрана за собири на повеќе од 10 лица, а ги затвори и училиштата и бизнисите за да го спречи ширењето.

- Важно е да се знае нивото на пренесување што се случува во општеството кај оние што имаат лесни симптоми и воопшто не одат во болница - вели Гров Краус.

Властите се надеваат дека новиот систем ќе биде активиран до следната недела.

Извор: Thelocal.dk
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот