X
 24.11.2018 Живот

Контроверзна реклама на „Долче и Габана“ ги разбесни Кинезите

Производи од „Долче и Габана“ се повлечени од кинескиот интернет-пазар поради бурни реакции по нивната последна реклама, јави Би-би-си.

На спорното видео Кинеска јаде шпагети и пица со стапчиња, па многумина тоа го толкуваат како исмевање на кинеската култура и поттикнување негативен стереотип кон кинескиот народ.

Тоа отиде и малку подалеку, па познати јавни личности повикаа на бојкот на модниот бренд. Набрзо потоа и основачот на модната компанија, Стефано Габана, долеа масло на огнот со своите, според многумина, ксенофобични интернет-коментари, по што следуваше и официјално извинување.

„Долче и Габана“ откажа неколку ревии во Кина и се соочува со огромна штета и губење на дел од тамошниот пазар, кој е навистина голем и може да им обезбеди значаен профит.



Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот