X
 25.07.2023 Живот

Доживотен затвор за Кинез кој земал мито

Кинескиот суд осуди поранешен секретар на Комунистичката партија во источниот град Хангжу на доживотен затвор за примање мито од 182 милиони јуани (22,77 милиони евра).

Пресудата за Џоу Џиангјонг денеска беше јавно изречена во судот во провинцијата Анхуи.

Џоу беше прогласен за виновен за примање мито лично или преку неговите роднини во градовите и окрузите во провинцијата Жеџијанг во периодот од 2001 до 2021 година.

Хангжу е главен град на провинцијата Жеџијанг.

Џоу е осуден на условна смртна казна, која по две години затвор ќе биде сменета во доживотен затвор.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот