Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Македонија за студиската 2022/2023 година.
Право на стипендија имаат студентите запишани на студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните високообразовните установи во Македонија и кои ги исполнуваат следните услови:
1.Да се припадници на ромската етничка заедница;
2.Да се државјани на Македонија;
3.Да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании.
Во конкурсот се наведува дека стипендиите за студенти Роми ќе се доделат согласно следните критериуми:
1. Постигнат среден успех од сите години од средното образование, за студентите кои се запишани во прва година на студии;
2. Постигнатиот среден успех од сите претходни студиски години за студентите кои студираат во сите останати години;
3. Да се редовни студенти на некој од јавните или приватните високообразовни установи во Македонија за студиската 2022/2023 година;
4. Предност при селекција ќе имаат студентите Роми кои студираат на јавните или приватните факултети во Македонија кои образоваат наставен кадар.
Студентите кои во студиската 2021/2022 година биле корисници на стипендија од МОН, а не запишале нареден семестар или повисока студиска година, немаат право на стипендија во академската 2022/2023 година.
Висината на стипендијата изнесува 5.000 денари месечно за девет месеци во текот на една студиска година.
Студентите што ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk од 24.11.2022 до 9.12.2022 година.
Кои документи ви се потребни за аплицирање, можете да прочитате
ТУКА.