Малите места и градови во некои делови од Хрватска се соочуваат со недостиг на млад и образовен кадар. Многу млади остануваат во големите градови по студирањето. Затоа, некои градови со интересни иницијативи се обидуваат да ги задржат младите.
Карло Старчевиќ, градоначалник на градот Госпиќ, неодамна потпишал договор за доделување стипендии на девет студенти со цел да ги поттикне на дополнително школување.
Стипендиите за студентите се обезбедени од платата на градоначалникот. Висината на стипендијата се разликува и се движи од 600 куни (4.900 денари) до 1.300 куни.
- Имаме девет стипендисти и се надевам дека ова ќе биде успешно затоа што финансираме дефицитарни професии и, се разбира, напредни студенти - изјавил градоначалникот Старчевиќ.
Извор:
Moj Faks
Фото:
Gospic