„Гугл“ претстави три нови онлајн-програми со сертификати за анализа на податоци, проектен менаџмент и дизајн на корисничко искуство. Програмите се создадени и ги одржуваат вработени во компанијата.
Не е потребна факултетска диплома за програмите и тие може да се завршат во период од три до шест месеци. Може да се следат на платформата за онлајн-учење „Курсера“. Компанијата вели дека сите сертификати ќе ги смета како еквивалентни на четиригодишна
факултетска диплома доколку курсистите се пријавуваат за работа во компанијата.
Фото: Pixabay
Цената на курсевите е 49 долари месечно. Меѓутоа,
компанијата ќе додели 100.000 стипендии за лица што не може да си ги дозволат, а имаат потреба од некоја од програмите.
Компанијата ќе додели и 10 милиони долари во грантови на американски непрофитни организации што соработуваат со компанијата.
Автор: Абигејл Хес
Извор:
cnbc.com