X
 06.06.2021 Наука

Мапа што покажува од каде ни се заканува нова пандемија

Меѓународен истражувачки тим создаде мапа на ризик за нови пандемии. Жариштата главно се наоѓаат во Кина, Индокина и Тајланд.

Се верува дека навлегувањето на луѓето во недопрената природа поради интензивно земјоделство доведува до повеќе пандемии. Дејвид Хејман, професор по здравстевна екологија на Универзитетот „Маси“ во Нов Зеланд, е дел од тимот кој идентификувал области во светот каде што се наоѓа најголемата опасност од нови епидемии на коронавирус поврзани со САРС.

1

Идентификувани жаришта

При создавањето на оваа мапа, Хејман соработувал со експерти од Политехничкиот универзитет во Милано и Универзитетот во Калифронија, Беркли. Нивното истражување идентификувало области со високо ниво на фрагментација на шумите и места на кои сточарството ги уништува живеалиштата на дивиот свет, што според нив може да го олесни пренесувањето на коронавирусот од лилјаците на луѓето.

Овие места треба постојано да се следат за навремено да се откријат случаи на инфекции и да се намали ризикот од идна пандемија, велат научниците, кои идентификуваа жаришта предизвикани од пораст на населението, сточарството и уништувањето на шумите.

2

Наодите илустрираат како промената на употребата на земјиштето и револуцијата во сточарството - во комбинација со раст на населението, раст на приходот по глава на жител и прогресивна урбанизација - може да поттикне појава на идни, нови коронавируси поврзани со САРС.

Промените во користењето на земјиштето како резултат на производството на храна, урбанизацијата и уништувањето на шумите ги загрозуваат живеалиштата на дивиот свет, доведувајќи ги во контакт луѓето и дивиот свет. Познато е дека азиските лилјаци-потковици, лилјаци што живеат во Кина, Виетнам, Непал и во Индија, имаат коронавируси поврзани со САРС кои можат да заразат луѓе. Зголемената интеракција меѓу човекот и дивите животни се смета за поттикнување на појава на нови болести, но недостигаат квантитативни докази за да се поддржи оваа теорија.

4

Страв од лилјаците-потковици

Тимот собирал податоци за распространетоста на азиските лилјаци-потковици од 2000 година, опфаќајќи региони од Западна Европа до Источна Азија. Истражувачите анализирале податоци за покривањето на шумите, распределбата на обработливото земјиште, густината на добитокот, човечката популација и населбите и промените во употребата во регионите населени со овие лилјаци, што е површина од над 28,5 милиони квадратни километри.

Дејвид Хејман, професор по здравстевна екологија на Универзитетот „Маси“ во Нов Зеланд

Ова им овозможило да ги идентификуваат потенцијалните епидемии на болести поврзани со САРС. Овие жаришта, претежно лоцирани во Кина, но исто така и во Индокина и Тајланд, покажуваат повисоко ниво на расцепканост на шумите и на концентрација на добиток и луѓе отколку во другите земји.

- Губењето на живеалиштата ги зголемува шансите луѓето да комуницираат со лилјаци кои содржат потенцијално патогени коронавируси поврзани со САРС. Разбирањето на околностите под кои коронавирусите можат да се пренесат од диви животни на луѓе е клучно за предвидување и избегнување идни епидемии или пандемии како што е сегашната на ковид-19 - заклучува професорот Хејман.

Извор: Nature.com | Massey.ac.nz 
Фото: Massey.ac.nz
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука