X
 24.12.2021 Технологија

„Бостон дајнемикс“ со бизарно видео го честита Божиќ

Од „Бостон дајнемикс“ се навикнавме на видеа кои предизвикуваат интензивни реакции - од чудење и неверување до ентузијазам. Оваа компанија е најпозната по своите роботи „Атлас“ и „Спот“, а видеата на Атлас и неговите гимнастички и паркур-способности се особено импресивни.

Од друга страна, иако се покажа како корисен робот во практика, особено за време на пандемија, многумина го нарекуваат „Спот“ застрашувачко робот-куче, поради неговиот донекаде агресивен изглед и движења. Исто така, „Спот“ извесно време се користеше во полициските акции во Њујорк, а беше тестиран и од француската армија, која наиде на многубројни критики поради милитаризацијата на роботот.

„Бостон дајнемикс“ пред неколку години ја покажа другата страна на „Спот“ и објави видео со Дедо Мраз во санки што го влечат роботи „Спот“ наместо ирваси. Оваа година компанијата за роботика, која сега е во сопственост на „Хјундаи“, се одлучи и за видеочеститка со „Спот“ во главната улога, но според коментарите на интернет, може да се заклучи дека никој не е баш воодушевен од честитката.

Иако вообичаено очекуваме сцени од празнични реклами кои предизвикуваат чувства на топлина, нежност и заедништво, видеото на „Бостон дајнемикс“ предизвикува повеќе ужас и непријатност отколку што ќе ви донесе насмевка на лицето. Заедно со видеото, кое можете да го погледнете во прилог, преку „Твитер“, „Бостон дајнемикс“ им се заблагодари на сите што помогнаа во овогодишниот успех на „Спот“ и истакна дека се возбудени за 2022 година и новитетите што ќе ги донесат нивните роботи.


Извор: Zimo.dnevnik.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија