X
 25.01.2017 Култура

Актери кои јавно си признаа дека ги мразат своите улоги

Иако тие улоги ги прославиле, одредени холивудски ѕвезди не можат да си простат себеси што прифатиле да ги одиграат токму нив. Некои само се повлекле од снимањето на сериите, а некои, пак, дополнително објавиле дека ги мразат улогите што ги играле.

Чарли Шин и Ангус Т. Џонс („Два и пол мажи“)

Шин беше исфрлен од снимaњето во 2011 година, по јавното несогласување со авторот на серијата, Чак Лори. Многу „дипломатски“ и во свој стил рече: „Сега можам да си го земам купот пари, никогаш повеќе да не го погледнам тој кретен и никогаш повеќе да не ги носам тие глупави кошули“. Ниту за својот колега Џон Краер и директорите кои му дадоа отказ не штедеше зборови. Како тоа да не беше доволно, па подоцна му се приклучи и втората „половина“, Ангус Т. Џонс, кој серијата ја нарече „валкана“, повикувајѓи ги фановите на бојкот. Тој сепак, по извесно време, се извини и продолжи да настапува во серијата сè до нејзиното финале во 2015 година.



Миша Бартон („Оринџ Каунти“)

Кога би можела да го врати времето, Бартон признава дека најверојатно не би го потпишала договорот за настапување во серијата „Оринџ Каунти“. Со други зборови, ќе останеше најпозната по застрашувачкиот лик на девојчето од познатиот филм „Шестото сетило“.

Чејс Крофорд и Пен Беџли („Озборувачка“)

Младите и атрактивни ѕвезди кои ги мразат тинејџерските серии што ги прославија, не се необична појава. На прашањето за плановите по завршувањето на снимањето на серијата „Озборувачка“ во 2012 година, Крофорд кој го играше ликот на Нејт Арчибалд, одговори: „Ќе го побарам своето достоинство. Моето достоинство е некаде на сетот на снимањето на серијата. Мислам дека тоа се случи таму некаде околу втората сезона. Со третата сезона сè пропадна...“. Бенџи, кој го толкуваше ликот на Ден Хамрис, во едно интервју изјави дека не се гордее со својата улога во „Озборувачка“.


Шенон Доерти („Волшебнички“) 

Не е тајна дека „Волшебнички“ изгубија дел од својот шарм околу осмата сезона, но се чини дека Шенон Доерти никогаш не била воодушевена од серијалот. Шенон, која после три години го напушти снимањето на серијата, раскажа: „Во ‘Волшебнички’ неколку пати давав сè од себе и бев најбрутално искрена во својот настап. А кога ќе ги погледнам тие моменти во серијата, знам дека не го добија заслуженото признание. Тоа е серија за дванаесетгодишници.“


Кетрин Хигл, („Вовед во анатомија“)

Хигл во 2008 година се повлече од трката за наградата „Еми“ со објаснувањето: „Не чувствувам дека оваа сезона создадов доволно материјал за да ми ја обезбеди номинацијата и во настојување да се зачува интегритетот на академската организација, го повлекувам своето име од натпреварувањето“. Една година подоцна се нафрли на „суровите“ продуценти кои ја тераа екипата да работи повеќе од 17 часа дневно.


Ејми Џо Џонсон („Моќните ренџери“)

Црвениот „пауер ренџер“ ја нарече серијата од деведесеттите „одлична подлога за тренинг“ каде научила многу работи. Сепак, не се воздржа да проговори и за негативните аспекти, откривајќи дека „биле платени најмногу 600 долари неделно“, иако снимале „по две епизоди“ секоја недела. Да биде уште полошо, на оригиналните „Моќни ренџери“ им беа скратени сите права за дополнителна заработка, што значи дека не можеле да заработат ништо од репризите или римејковите на оваа хит серија.


Били Реј Сајрус („Хана Монтана“)

Кутриот Били Реј, во 2011 година призна дека работата на серијата „Хана Монтана“ му го скршила срцето. „Веднаш ќе ви кажам: проклетата серија го уништи моето семејство. Би избришал сè во една секунда. Ќе беше фантастично доколку моето семејство беше тука, сите добри, здрави и гласни, нормални и среќни. Ох, да. Сè би избришал во секунда само да можам“ – изјави Сајрус во една прилика, кога во тек беше разводот со сопругата Тиш и кога не разговараше со ќерката Мајли, иако денес наводно се во добри односи.

Менди Патинкин („Criminal minds“) 

„Мислев дека тоа е нешто друго. Никогаш не сум можел ниту да замислам дека ќе ги убиваат и ќе ги силуваат сите тие жени секоја ноќ, секој ден, недела по недела, година за година. Беше многу деструктивно за мојата душа и мојата личност – призна Патинкин, нарекувајќи ја својата улога во серијата „најголема јавна грешка што досега ја има направено“.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура