Уредниците во „Плејбој“ неодамна открија стари планови и фотографии од недовршени подземни премини во палатата „Плејбој“. Плановите откриваат мрежа подземни тунели кои ја поврзувале палатата со домовите на холовудски ѕвезди како Џек Николсон, Ворен Бити, Кирк Даглас и други за време на 1970-те и 1980-те години. Сите овие славни лица живееле во близина на палатата.
Овие тунели биле затворени во 1989 година, односно годината кога Хефнер се венчал со Кимберли Конрад. Се прашуваме дали овие тунели навистина постојат и што кријат истите?