Мал филм со „џиновско срце“ кој заработи само 23.000 долари во текот на ограниченото прикажување во кината, стана миленик меѓу холивудските актери, кои сакаат да добие „Оскар“.
Во филмот „To Leslie“, Андреа Рајзборо глуми жена која се бори со зависност од алкохол откако пред неколку години доби голема добивка на лотарија. Останувајќи без пари, Лесли е сиромашна и живее на улица пред да се врати кај нејзиниот 20-годишен син и да живее со него, под услов повеќе да не пие.
Откако е исфрлена поради пиење и крадење, Лесли завршува да живее со својата сестра, но е принудена да помине низ низа трансформативни и трауматски настани на нејзиниот пат кон трезвеноста.
Филмот чинеше околу милион долари, а режисерот Мартин Морис изјави дека не може да си дозволи да го рекламира филмот, така што имаше само ограничено прикажување во кината.
Но, филмот во кој глумат Марк Марон, Алисон Џени, Андре Ројо, Овен Тиг и Стивен Рут, стана неочекуван миленик на холивудските големи имиња, па тие сакаат да го добие признанието што веруваат дека го заслужува.
„Ја заслужува секоја награда што постои и сите оние што сè уште не се измислени“
Кејт Бланшет, која се смета за една од фаворитките за освојување на „Оскар“ за најдобра актерка во филмот „Тár“, го пофали филмот за време на нејзиниот говор на Филмските награди по избор на критичарите, нарекувајќи го ремек-дело. Таа додаде дека Рајзборо заслужува да ја освои секоја награда што постои и сите оние што сè уште не се измислени.
И Кејт Винслет ја пофали глумата на Рајзборо нарекувајќи ја една од најдобрите изведби што некогаш ги видела во животот, додека Ејми Адамс рече дека нејзината улога е извонредна, опишувајќи ја како трансформација на душата.
Џејн Фонда сметаше дека Разјборо покажа храбра изведба, додека Едвард Нортон рече дека Рајзборо покажа најцелосно посветена, емоционално длабока, физички измачувачка изведба што тој ја видел во последно, екстремно сурова и целосно лишена од глупости.
Џенифер Анистон ја пофали нејзината глума, додека Хелен Хант советуваше да не се гласа за најдобра улога додека не се види изведбат ана Андреа Рајзборо.
Останува да се види дали пофалбите што ги доби филмот ќе се пренесат и на најголемите награди на сезоната.
Фото: Screenshot/YouTube