Булеварот на славните во Холивуд е можеби најпознатата улица во светот. Секоја година ја посетуваат речиси 10 милиони луѓе. Од 1960 година над 2.500 познати личности добиле ѕвезда на овој булевар. Годишно се доделуваат околу 24 ѕвезди.
Булеварот на славните бил идеја на бизнисмени од Холивуд кои барале начин да го разубават историскиот дел од Лос Анџелес. Првата позната личност што добила ѕвезда на патеката била американската актерка Џоана Вудвард, на церемонија во 1960 година.
Фото: Pixabay
Во 2002 г. боксерот Мухамед Али добил ѕвезда на булеварот, но првпат неговата ѕвезда не била поставена на тротоарот, туку на ѕидот на киносала. На церемонијата Али изјавил дека не сакал луѓето што не го почитуваат да му го газат името.
Но за поставувањето на неговата ѕвезда на ѕид наместо на тротоар има и друга причина. Имено, тој изјавил дека го носи името на пророкот Мухамед и не треба да им се дозволи на луѓето да го газат тоа име.
Фото: Wikipedia
Во меѓувреме, секоја година се добиваат околу 300 номинации за поставување ѕвезда. Познатите личности плаќаат по 40.000 долари за поставување и одржување на ѕвездата, според локалните медиуми.
Извор:
Grunge