Koга станува збор за Белата куќа, постојат неколку работи што мора да се случат кога се вселува ново семејство. Сѐ се однесува на тоа новото семејство да се смести соодветно и без проблеми.
Прочитајте неколку факти за оваа тема:
1. Персоналот има само неколку часа пред да даде заклетва пред новиот претседател и да ги направи сите подготовки.
2. Семејството на новиот претседател може да ја декорира куќата поинаку, но најмногу на вториот и третиот кат. Многу простории мора да останат речиси исти.
3. Уште на почетокот 100-тина луѓе се задолжени за чистење на куќата за новото семејство веднаш да се чувствува удобно. Тимот вклучува и водоводџии, батлери, куќни помошнички и електричари.
4. Двете семејства се одговорни за сопственото пакување и багаж.
Фото: Freepik
5. Декорирањето е ограничено и во канцелариите, каде што треба да се смести новата администрација. Може да се смени килим, биро или слично.
6. Во овој период на промени претседателот го бира и готвачот.
7. Претседателот добива и нов автомобил со сите безбедносни мерки.
8. Семејството не може да се смести во куќата без слики на ѕидот од инаугуаративната церемонија.
9. Откако сѐ е внесено, Првата дама треба да продолжи да работи со персоналот за да осигура дека сѐ тече во најдобар ред.
10. Потоа семејството се служи со средствата за декорирање за нови слики, килими и завеси. Тие имаат избор да одберат мебел и уметнички дела собирани од претходни претседатели и од официјалниот управник на Белата куќа.