X
 25.01.2020 Живот

20 индијански правила

1. Разбудете се со сонцето. Молете се сами. Молете се често. Големиот Дух ќе слуша само ако вие зборувате.

2. Бидете толерантни кон оние што се изгубиле на својот пат. Незнаењето, лутината, љубомората и алчноста излегуваат од изгубените души. Молете се за нив да го пронајдат патот.

3.Барајте се себеси низ себеси. Не дозволувајте другите да управуваат со вашиот пат. Тоа е ваш пат и само ваш. Другите можат да одат со вас, но не можат наместо вас.

4. Однесувајте се со гостите во вашиот дом со голема внимателност. Послужете ги со најдобрата храна, дајте им го најдобриот кревет, однесувајте се кон нив со почит и праведност.

5. Немојте да го земате она што не е ваше, било да е од некои луѓе, заедница, дивина, или некоја култура. Тоа не се заслужува и дава. Тоа не е ваше.

6. Почитувајте го сето она што постои на Земјата, без разлика дали се луѓе или растенија.

7. Почитувајте ги другите мислења, желби и зборови. Никогаш не прекинувајте нечиј говор и преговор. Овозможете му на секој човек да се изрази.

8. Никогаш не зборувајте лошо за другите. Негативната енергија што ја испраќате во универзумот ќе ви се врати многукратно.

9. Сите луѓе прават грешки. Сите грешки можат да бидат простени.

10. Негативните мисли може да предизвикаат болест на умот, телото и на духот. Вежбајте оптимизам.

11. Природата не е наша, таа е дел од нас. Тоа е дел од нашето свето семејство.

12. Децата се семе на иднината. Всадувајте љубов во нивните срца и полевајте ги со мудрост и учења за животот. Додека растат, дајте им место да растат.

13.Избегнувајте да повредите нечие срце. Отровот од таа болка ќе ви се врати.

14. Бидете искрени во секое време. Искреноста е тест на наследството и конзистентноста во рамките на овој универзум.

15. Држете сè во рамнотежа. Своето умно Јас, Духовно Јас, Емоционално Јас и Физичко Јас. Сите треба да бидат еднакво силни, чисти и здрави. Зајакнувајте го телото за да го зајакнете умот. Растете богато со духовност за да ги излекувате емоционалните рани.

16. Носете свесни одлуки, како, што ќе бидам и каков ќе бидам, како можам да дејствувам и да се справам со своите дела. Бидете одговорни за своите дела.

17. Почитувајте ги приватноста и личниот простор на другите. Не допирајте ја туѓата сопственост, особено не допирајте ги светите и духовни реликвии. Тоа е забрането.

18. Бидете искрени со себе. Вие не може да бидете внимателни и да им помагате на другите ако не сте внимателни со себе и не си помагате себеси.

19. Почитувајте ја верската припадност на другите луѓе.

20. Поделете ја својата добра среќа. Поделете милостина.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот