Големите технолошки компании често се мета на корисниците и групите што се грижат за приватноста на граѓаните. Иако компаниите тврдат дека се грижат за приватните податоци на корисниците за тие да не стигнат во погрешни раце, на корисниците често им е тешко да ги пронајдат опциите што би требало да ги штитат.
Откако беше откриено колку се всушност ранливи податоците на корисниците, „Фејсбук“ и другите големи компании одлучија да ја променат својата практика.
Така, „Гугл“ објави дека вовел промени во изгледот на корисничките профили и благодарение на овие промени на корисниците ќе им биде поедноставно да ги пронајдат и да ги користат опциите за заштита на приватноста.
Фото: Google
На корисниците им е олеснет пристапот до релевантни информации поврзани со личните податоци, уредите што ги користат, методите на плаќање, претплатите, резервациите и контактите.
Оние што не се сигурни како да променат некоја од опциите или каде да ја најдат, сега можат одговорот да го побараат меѓу експертите, кои на најчестите прашања ќе одговорат на посебен форум.
Засега овие нови опции се достапни само за корисниците на уред со „Андроид“, а од „
Гугл“ истакнуваат дека за неколку месеци истите опции ќе бидат достапни и за корисниците на „Ајос“.