Августин Ог Мандино бил американски писател и автор на повеќе литературни дела за самопомош. Тој е автор и на бестселерот „Најголемиот трговец на светот“. Неговите книги се продадени во над 50 милиони примероци и преведени на 25 различни јазици.
Главната филозофија на Мандино е дека секој човек на земјата е едно чудо и треба самиот самоуверено да го води својот живот во согласнос со законите што го управуваат изобилството.
Во една од неговите познати книги „17 правила за подобар живот“ тој дава насоки за среќен и исполнет живот, давајќи примери од својот живот, од своите падови и успеси.
1.Слави ја својата среќа: Кога ќе сфатите колку сте вредни и колку убави работи ви се случуваат ќе се врати насмевката на вашите усни, сонцето ќе ги победи облаците, и ќе засвири музиката. Само тогаш ќе можете да продолжите понатаму кон животот кој бог го наменил за вас... со достоинство, сила, храброст и самодоверба.
2.Овој и секој нареден ден ви носи многу повеќе од колку што сте заслужиле: Кога ќе научите да вложувате повеќе од колку што се очекува од вас во се што правите во животот ќе видите дека сте на половина пат од успехот. Само на тој начин ќе станете незаменливи во секој аспект на животот.
3.Секогаш кога ќе напрваите некоја грешка или животот ви зададе тежок удар не гледајте кон тој настан премногу долго: Грешките се лекции кои ги добиваме од животот. Како ќе дознаете колку е голема вашата сила ако не видите тешкотии? Никогаш не се откажувајте! Ќе дојде и вашиот ред во животот.
4Секогаш наградувајте се себеси за долгите работни часови. Опуштете се во друштво на семејството.
5.Започнете го овој ден со позитивни мисли.
6.Дозволете вашите дела секогаш да говорат за вас.
7.Секој ден е посебен дар од Бога.Иако животот не е секогаш фер не дозволувајте моменталната болка, огорченост и пречка да го уништат вашиот став и план за иднината.
8.Никогаш не се преоптеретувајте со здодевни и неважни нешта, бидејќи ќе немате време да ги прифатите вистинските предизвици во животот.
9.Живејте го овој ден како да ви е последен.
10.Почнувајќи од денеска, однесувајте се кон секого што ќе го сретнете, без разлика дали ви е семејство, пријател, непријател, туѓинец... како ова да му е последен ден во животот.
11.Смејте се на себе и на животот.
12.Никогаш не ги запоставувајте малите работи.
13.Дочекајте го секое утро со насмевка на лицето.
14.Ден по ден ќе успеете да го остварите вашиот голем сон. Поставувајте си цели секој ден, не некои тешки и долгорочни. Работата чекор по чекор ќе ве однесе до вашиот сон.
15.Никогаш и никому не му дозволувајте да ви го уништи денот.
16.Во секоја невоља, барајте ја добрата страна- секое зло за добро.
17.Сфатете дека вистинската среќа лежи во вас.Не си го трошете времето во потрага по мир, среќа и радост во надворешниот свет.Запомнете, нема среќа во „добивањето“ и „имањето“. Давај, споделувај, насмевнувај се, прегрнувај.
Среќата е парфем кој не може да им се допадне на другите, ако најпрво вие не го користите.