X
 25.03.2020 Живот

Луѓето почнуваат да ги користат малите библиотеки за споделување храна

Малите бесплатни библиотеки станаа популарни пред неколку години и можат да се забележат насекаде низ светот. Сега овие локации имаат поинаква намена. Имено, луѓето во САД почнале да ги полнат малите кутии со храна, тоалетна хартија и други намирници за да им помогнат на соседите што не можат да ги набават поради забраните за движење поради коронавирусот.

На многу од „библиотеките“ пишува дека граѓаните може да ги земат намирниците што им се потребни, но и се охрабруваат да споделуваат. Споделувањето храна на овој начин им помага на најранливите групи, но и го намалува чувството на осаменост кое се јавува како резултат на самоизлоацијата. Со споделувањето се задржува чувството на живот во заедница помеѓу соседите.

Грег Мецер, извршен директор на организацијата „Литл Фри Лајбрери“, предложува користење на малите бесплатни библиотеки како места за собирање поголеми донации кои подоцна би биле собрани од хуманитарните организации.

Извор: mentalfloss.com

Фото: Twitter

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот