X
 02.06.2020 Здравје

Вухан е на пат целосно да го елиминира коронавирусот

Властите во Вухан објавиле дека не откриле нови асимптоматски случаи на коронавирусот првпат во речиси два месеца. Градот се обидува да го тестира целото население од 11 милиони луѓе, а се чини дека тоа ќе доведе до елиминирање на вирусот поради откривањето на скриените синџири на ширење.

Во неделата во Вухан биле тестирани 60.000 луѓе и не биле откриени асимптоматски случаи.


Фото: Pixabay

Заразените луѓе што немаат симптоми, а може да го шират вирусот, ги отежнуваат сите напори на државите да ја намалат епидемијата. Тоа е и една од причините што вирусот се прошири толку брзо и на толку многу места. Во земјите во кои тестирањето не е соодветно нема начин да се откријат лицата што можеби го шират вирусот без да знаат.

Со откривањето на асимптоматските случаи Вухан може да го избрише патогенот од своето население. Сепак, овој метод не може да се примени лесно во другите земји бидејќи се потребни ресурси и целосна соработка со граѓаните.


Фото: Pixabay

Голем дел од жителите на Вухан прифатиле да се тестираат поради штетата што ја направи коронавирусот во градот. За потсетување, првите потврдени случаи на коронавирус беа во Вухан. Околу 80% од сите смртни случаи поврзани со коронавирусот во Кина се од Вухан.

За време на масовното тестирање во Вухан биле потврдувани десетици асимптоматски случаи секој ден. Бројот се намалувал со напредувањето на тестирањето.

Извор: fortune.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје