Mакедонскиот народен театар и Театар Комедија, почнувајќи од утревечер во 20 часот, на своите јутјуб-канали во наредните денови ќе прикажуваат претстави од својата продукција.
Од МНТ ќе прикажат пет претстави. Прва претстава што ќе биде прикажана е „Сомнително лице“ во режија на Синиша Евтимов. Ова е една од најгледаните претстави на најголемиот национален театар.
Во наредните денови ќе следуваат: „Изгубени Германци“ (19 март), „Парите се отепувачка“ (20 март). „Да тргнеме Сењор“ (23 март) и „Мајсторот и Маргарита“ (24 март).
Од Театар Комедија, пак, истакнаа дека во текот на утрешниот ден ќе го објават репертоарот и каналот каде што ќе може да се гледаат нивните претстави.