Црвената боја најчесто доминира во киносалите. Можеби мислите дека тоа е во чест на сцената, но всушност има друга причина.
Според видео објавено на „Тик-ток“, црвената боја е првата што окото престанува да ја гледа кога светлината е слаба или воопшто ја нема.
Како што светлината се намалува во салата, окото се навикнува на новата околина со филтрирање на боите, а црвената е првата боја што тоа престанува да ја регистрира поради нејзината бранова должина. Со други зборови, црвената боја најмалку пречи во киносалата додека се гледа филмот.
Меѓутоа, црвените столчиња кои денес се чести во киносалите делумно биле инспирирани од италијанските оперски куќи кои биле обоени во црвено и златно. Трендот се проширил низ Европа и низ светот.
Извор: Lifesavvy
Насловна фотографија: Pixabay