X
 02.10.2019 Живот

Пловечко кино среде океан

Германскиот архитект Оле Шерен дизајнирал и инсталирал неверојатно пловечко кино во лагуната Наи Пи Ле кај островот Куду. Познато како „Архипелаг кино“, тоа се состои од големо платно/екран што плови меѓу две високи карпи.


Наспроти екранот има модулирани сплавови, слабо поврзани, со што архитектот сакал да поттикне чувство на спонтаност и темпоралност, каде што деловите на целината разиграно се спојуваат. Исто така, овој специфичен дизајн е уникатна реплика на островите кои го сочинуваат архипелагот и ја оградуваат лагуната.


Киното настанало во 2012 година како проект на филмскиот фестивал „Филм на карпите Јао Нои“. Во изградбата учествувале локални градежници, а пловечките делови се направени по пример на сплавовите кои традиционално се користат за лов на јастози по должината на архипелагот.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот