Владејачката партија во Грузија воведе закон со кој ќе се ограничат правата на членовите на ЛГБТ-заедницата, а нејзините политички противници велат дека тоа е обид да ги привлече гласачите пред изборите во октомври.
- Нацрт-законот ќе забрани промена на полот и посвојување од страна на истополови двојки, како и собири насочени кон популаризација на истополовите семејства или интимни врски - се вели во резимето објавено од владејачката партија Грузиски сон.
Организацијата „Тбилиси Прајд ЛГБТ“ го нарече предлогот „хомофобичен“ во објава на „Фејсбук“.
Грузиската опозиција тврди дека анти-ЛГБТ агендата на Грузиски сон е обид да се придобијат конзервативните и неопределени гласачи и да се сврти вниманието од економските проблеми пред парламентарните избори во октомври.
Грузискиот устав ги забрани истополовите бракови во 2018 година.
Извор: МИА