ЕУ постигна договор за безвизен режим за 50 милиони Украинци и Грузијци.
Официјалните лица изјавија дека договорот бил заклучен во четвртокот со што се ставило крај на внатрешниот ЕУ спор кој ги задржувал ветените мерки.
Ноќниот разговор во кој биле инволвирани земјите членки на ЕУ и Европскиот парламент успеале да постигнат компромис за механизам кој би можел да се користи за суспендира безвизниот режим во итни случаи.
Договорот мора да биде формално одобрен од страна на земјите членки и Европскиот парламент.
Договорот постигнат помеѓу Европскиот парламент и земјите членки „ќе ги разгледаат двата предлози за визна либерализација на Грузија и
Украина“, изјави европратеникот Агустин Дијаз де Мера.
Според договорот, визите можат да се вратат ако постои бран од граѓани кои не се членки на ЕУ, од земји кои не се земји членки, како што се Украина и Грузија.
Визите може да се вратат ако постои раст на неосновани барања за азил или недостаток на соработка во врска со емигрантите или ако претставуваат закана за безбедноста.
„Овој договор е избалансиран, и е исклучително важен за ефективноста и кредибилитетот на политиката на либерализација на визниот режим на Унијата“, изјави словенечкиот министер за надворешни работи.
„Сегашниот механизам на суспензија не е соодветна и сега ќе биде подобрен. Фактот дека постигнавме договор треба да ги отвори вратите за понатамошен напредок во разговорите за визна либерализација со другите земји кои ги исполнуваат потребните барања“.
Двете поранешни советски републики Украина и Грузија бараат да се оддалечат од нивниот поранешен „господар“ Москва, и сакаат да бидат поблиску до Западот.
После минатогодишната бегалска криза, владите на ЕУ беа навистина разочарани од популарните антиимиграциски партии кои биле против олеснување на визниот режим на 45 милиони Украинци како и 5 милиони Грузијци.