X
 25.04.2018 Наука

Дали сите ја гледаме истата Месечева мена?

Сите ја гледаме истата фаза на Месечината, повеќе или помалку, на истиот ден. Сепак, многу луѓе се збунети кога станува збор за фазите на Месечината.

- Се прашував за локациите на морињата и кратерите што се појавуваат различно. На пример, кога ќе ја сликам Месечината, Морето на ведрината (едно од најниските подрачја на Месечината) е на едно место, но сликано од други земји изгледа како да е лоцирано на друго место - вели Ровена.

Одговорот е следен. Северната и јужната хемисфера ја гледаат Месечината ориентирана различно, зависно од хоризонтот. Промената на ориентацијата предизвикува разлики кои тешко може да се разберат. Споредено едни со други, набљудувачите од северната и од јужната хемисфера ја гледаат Месечината наопаку. Тоа можете да го видите ако внимателно ги разгледате фотографиите. Забележете дека, на пример, од северната хемисфера Месечевите мени (од млада до полна Месечина) ја зголемуваат фазата од десно на лево.


1
Фото: Primaryhomeworkhelp.co.uk

Од јужната хемисфера е обратно, а тоа може да се види на следната фотографија.

2

Фото: Primaryhomeworkhelp.co.uk

А зошто е така? Од јужната хемисфера луѓето генерално гледаат кон север за да видат како Месечината минува низ небото, додека луѓето од северната хемисфера генерално гледаат кон југ.

Има и други разлики. Без разлика каде се наоѓате на Земјата, Месечината ја менува ориентацијата во однос на вашиот хоризонт додека се движи низ небото. Самите фотографии го покажуваат тоа.

1

Фото: Earth Sky

Запомнете, вашата временска зона исто така прави мала разлика за тоа како ги гледате Месечевите мени. Тоа е така бидејќи како што Земјата се врти околу Сонцето, така Месечината изгрева за последователни временски зони.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука