X
 18.01.2017 Живот

Почина последниот човек кој стапнал на Месечината

judzin

 

Кога Јуџин Кернан стапнал на површината на Месечината на 17 декември 1972 година, тоа го одбележал со зборовите:


„Јас сум на површината, и како што го правам последниот чекор, го правиме најголемиот предизвик на Америка кој ја скова судбината на иднината на човекот“.

Кернан помислил дека другите наскоро ќе го следат неговиот пат, меѓутоа погрешил. Поранешниот пилот беше 11-та личност која стапна на површината на Месечината, меѓутоа беше и последната.

Во понеделникот, НАСА откри дека Кернан починал на 82 годишна возраст.

„Тажни сме поради смртта на пензионираниот НАСА астронаут Јуџин Кернан, последниот човек кој стапна на Месечината“, изјави американската вселенска агенција на „Twitter“.

Мисијата на која беше Кернан постави неколку рекорди, вклучувајќи го најдолгиот лет со екипаж кој слетал на Месечината (301 час, 51 минута), и најдолги активности на површината на Месечината (22 часа, 6 минути). 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот