X
 05.05.2015 Образование

Средношколски пленум: Од утре се планира радикализација

Средношколците не попуштаат пред притисоците од надлежните  да се вратат во училишните клупи. Иако деновиве имало се позасилени контроли во училиштата и притисок и закани од дел од професорите и деректорите кои од нив барале  да го прекинат бојкотот, од Средношколскиот пленум не попуштаат.



Учениците го враќаат ударот. Нема отстапки, бојкотот на наставата во училиштата и во шаторите пред Министерството за образование продолжува. Не ја исклучуваат можноста за радикализација на бојкотот  и до крајот на неделава повторно да излезат на протести.

"Од утре се планира радикализација, која се состои од Средношколски, Студенски, Родителски Пленум и од сите загрижени граѓани за реформите во средното образование.

Се состои од тоа што ќе има собири пред Министерството за Образование и Наука во период од 17:00 до 18:30 часот.

Ги повикуваме сите совесни граѓани кои не поддржуваат да се приклучат на овие собири кои ќе почнат од 06.05.2015 (среда) и ќе траат сè до остварување на нашите барања." Објавија на Фејсбук страницата на Средношколски пленум

Надлежните од друга страна,  апелираат учениците да се вратат во училиштата бидејќи веќе нема да има преговори. Според нив најважно е деновиве средношколците да се пријават за полагање на матурскиот испит кој ќе се полага од 11-ти до 19 ти јуни.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование