X
 25.05.2019 Живот

Астероид со сопствена месечина ќе прелета покрај Земјата

Планетата Земја овој викенд ќе има не еден, туку двајца посетители од вселената.

Астрономите очекуваат астероидот именуван како 1999 KW4 денеска да помине покрај нашата планета и кога ќе се случи тоа, тој со себе ќе ја донесе и својата месечина.

Астероидот е широк 1,5 километар и е околу трипати поголем од неговата месечина.

Дури и кога ќе бидат најблиску до Земјата, овие вселенски карпи сѐ уште ќе бидат оддалечени повеќе од 3 милиони милји, па нема потреба од страв. Всушност, тие нема ни да се приближат доволно за да може да се видат со голо око.

Но, повторното приближување на толку мала оддалеченост од Земјата на овој пар ќе биде дури во 2036 година, па ако сакате да го видите ова динамично дуо, вечерва во околу еден часот по полноќ бидете блиску до некој телескоп.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот