Астероидот Хигеја штотуку доби унапредување.
Со користење на инструментот SPHERE на Европската јужна опсерваторија во многу големиот телескоп астрономите успеале да добијат најдетален поглед во Хигеја, објект во астероидниот појас.
Врз основа на тоа што го виделе, тие мислат дека астероидот заслужува рекласификација како џуџеста планета, со што тој би станал најмалата џуџеста планета во целиот Сончев Систем.
За да биде класифициран како џуџеста планета, објектот мора да исполни четири барања: мора да е сферичен, мора да орбитира околу Сонцето, не може да е месечина и не треба да му е исчистено соседството околу него, што би го направило планета.
Астрономите веќе знаеја дека Хигеја ги исполнува последните три барања, а најновите податоци потврдија дека го исполнува и
првото.
- Благодарение на уникатната способност на инструментот SPHERE на многу големиот телескоп, кој е еден од најмоќните системи за правење слики во светот, успеавме да ја утврдиме формата на Хигеја, која излезе дека е речиси сферична. Благодарение на овие фотографии, Хигеја може да се рекласифицира како џуџеста планета, која засега е најмала во нашиот Сончев Систем - истакна водечкиот истражувач Пјер Вернаца.