X
 25.05.2020 Живот

Нафтените компании ја враќаат безвредната нафта назад под земја

Првпат во историјата цените на нафтата минатиот месец беа негативни поради драстичниот пад на побарувачката, па трговците на нафта останаа без простор за чување на истата.

Како резултат на тоа, некои компании кои работат со нафта и гас сега прибегуваат кон очајни мерки. Наводно, тие почнале да им плаќаат на купувачите да ја земат нафтата, а во некои случаи дури и почнале да ја пумпаат во земја, пренесува „Тексас Обзервер“.

Нафтата не оди токму таму од каде што е извадена, туку производителите искористуваат други опции и ја складираат во подземни геолошки формации кои можат да задржат нафта и течен гас.

Неодамна локален регулатор за нафта и гас од Тексас привремено ѝ дал дозвола на индустријата да чува нафта во неконвенционални подземни формации. Потегот бил направен без јавно сослушување, што ги шокирало локалните групи за заштита на животната средина.

За нештата да бидат полоши, регулаторот морал да крене некои државни регулативи кои биле на сила со цел осигурување дека не се контаминира подземната вода.

- Дозволувањето на складирањето во овие други формации очигледно поттикнува многу загрижувања за добросостојбата на животната средина и на нашите издани - истакна Ема Пабст, од тинк-тенкот „Environment“ од Тексас.


Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот