Од „Волмарт“ соопштија дека ќе престанат да продаваат муниција за пиштоли и некои автоматски пушки во продавниците низ САД, како одговор на неодамнешните масовни убиства во Тексас и во Охајо.
„Волмарт“, најголемиот американски продавач на оружје, како и другите корпорации, сè повеќе се вклучува во дебатата за оружје и безбедност.
Компанијата, како и нејзините конкуренти „Фред Мејер“ и „Дикс спортинг гудс“, веќе ја прекина продажбата на автоматски пушки и ја зголеми староста на купувачите на 21 година.
Американската банка минатата година соопшти дека повеќе нема да дава заеми на компании што произведуваат воено оружје за цивили, додека авиокомпаниите „Делта“ и „Јунајтед“ наведоа дека веќе нема да даваат попусти на Националното здружение за оружје.
Извор: МИА