Во рамките на апликацијата „Фејсбук“ за „Андроид“, пронајдена е необјавената „Your Time on Facebook“ функција. Апликацијата покажува колку време корисникот поминува на апликацијата, секој од последните седум дена, како и просечното време поминато во апликацијата во текот на денот.
Исто така, функцијата овозможува да поставите дневен потсетник, што го известува корисникот за тоа дека го преминал ограничувањето што сам го поставил, како и кратенка за подесување на фејсбук-известувањата. „Фејсбук“ потврди дека работи на развивање на функцијата.
-Секогаш работиме на нови начини што можат да обезбедат времето што корисникот го поминува корисникот на „Фејсбук“, да биде добро потрошено - изјави портпаролот на компанијата.
Функцијата би можела да им помогне на корисниците да бидат порационални во тоа колку долго време поминуваат на социјалната мрежа. Ова е особено важно во моментот кога „Ајос“ и „Андроид“ во најновата верзија носат сопствени функции со преглед на тоа која апликација привлекува најмногу внимание кај корисникот и можност за подесување на известувања и рестрикција на користење на апликациите кога ќе се достигне одреденото ограничување.
Извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг е упорен во тврдењето дека секој момент поминат на „Фејсбук“ не е лош. Исто така, тој вели дека за доброто на корисникот е да споделува содржини, да коментира и да разговара со другите корисниците, со што луѓето се чувствуваат поврзано и поддржано, наместо да бидат пасивни и само да ја прегледуваат содржината и да гледаат видеа.
Но оваа разлика помеѓу двата начини на користење на „
Фејсбук“ не е видлива во прототипот „Your Time on Facebook“ алатката, што изгледа дека на ист начин го третира времето поминато на „Фејсбук“. Доколку „Фејсбук“ успее да креира систем што може да го мери активното и пасивното време поминато на „Фејсбук“, ова би можело да ги натера корисниците да ја користат социјалната мрежа различно.