X
 19.02.2018 Технологија

Новиот план на Илон Маск

Илон Маск со години зборува за лансирање сателити во ниската орбита кои ќе го обезбедат светот со многу брз интернет. Иако техничкиот дел од овој подвиг не е објавен јавно, познато е дека првиот ред прототипи наскоро ќе тргнат на пат околу Земјата. Тоа би можело да се случи наредниот викенд.

фотоизвор: Wired

Неодамна од компанијата „Спејс Екс“ на Маск беше објавено дека ќе лансираат два сателита што ќе служат за демонстрација до почетокот на оваа година, па ако сè биде како што треба, првиот функционален сателит би можел да биде лансиран во 2019 година.

Се вели дека двата експериментални сателити одат во орбитата во внатрешноста на една од ракетите „Фалкон 9“. Иако ваквите планови често се одложуваат, „Спејс Екс“ планира да ги лансира сателитите во орбитата до 2024 година. Целиот проект ќе чини повеќе од 10 милијарди долари.

Кон крајот на 2015 година Маск го споменувал овој проект и истакнал дека сето ова служи за собирање пари кои ќе овозможат да се креира град на Марс.
„Тоа значи дека ни се потребни работи што ќе генерираат многу пари“, рече Маск.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија