Технологијата е суштинската компонента на човечкото искуство. Човекот креира алатки уште од почетоците на постоењето на човечкиот вид со цел да го скроти физичкиот свет.
Секој обид да се соберат најважните
технолошки откритија , односно иновации би бил подложен на дискусија, бидејќи секое откритие и напредок е важно за полесно функционирање. Но, ова се неколку големи
постигнувања :
1. Оган – огнот можеби бил повече откриен отколку измислен. Потребно било време за луѓето да ја сфатат намената на огнот и начинот за да го контролираат. Но, со текот на човековото напредување, пронајдени се вистинските цели за кои огнот може да се користи : готвење, греење и слично.
2. Тркало – создадено од Месопотамијците околу 3500 година п.н.е за да се користи во грнчарството. 300 години потоа, тркалото било поставено на кочија и останатото е историја.
3. Клинец – клинците прв пат се користеле во Египет во 3400 година п.н.е . Корисна алатка која се уште се користи.
4. Оптички леќи – развиени од Египќаните и Месопотамијците, а надополнети од античките Грци. Колку што се корисни во офтамологијата, леќите се многу важни и во фотографијата, филмската индустрија и телевизијата.
5. Компас – овој навигациски уред е одличен изум корисен за истражување. Првите компаси биле создадени во Кина помеѓу 300 и 200 година н.е.
6. Хартија – измислена околу 100 година во Кина, хартијата е важен сегмент од човековото постоење и живеење.
7. Барут – овој хемиски експлозив измислен во Кина во 9 век, е голем фактор во војничката технологија.
8. Печатарска преса – измислена во 1493 година од Јохан Гутенберг, овој уред е основата за модерното доба во печатарството.
9. Електрична енергија – користењето на електрична енергија е процес на кој многу големи умови работеле низ историјата на човештвото. Но, најголемите откритија и достигнувања се бележат со електричната светилка на Томас Едисон и наизменичната струја на Никола Тесла, изуми со кои драстично се сменил животот на луѓето.
10. Парна машина – создадени помеѓу 1763 и 1775 година од Џејмс ват, парната машина напојувала возови, бродови, фабрики.
11. Мотор со внатрешно согорување – изум од 19 век, мотор кој конвертира хемиска енергија во механичка енергија. Сега се користи во модерни автомобили и авиони.
12. Телефон – Александар грахам Бел го создал првиот електричен телефон во 1876 година. Напредокот на овој изум со екстремна брзина достигна неверојатни резултати во комуникацијата.
13. Вакцинација – иако контроверзна тема, сепак практикувањето на вакцините е едно од главните причини за продолжување на животниот век на луѓето. Првата вакцина била развиена од Едвард Џенер во 1796 година, за птооа во 1885 Луј Пастор да креира вакцина против беснило.
14. Автомобили – автомобилите комплетно го променија начинот на кој патуваме. Создадени во 19 век, автомобилите се дел од модерната ера.
15. Авиони – измислени во 1903 година од амриканските браќа Врајт, авионите го зближија светот, дозволувајќи ни да патуваме побрзо на подалечни дестинации.
16. Пеницилин – Откриен од шкотскиот научник Александар Флеминг во 1928, овој лек овозможи лечење на инфекции и бактерии, односно преку него започна ерата на антибиотици.
17. Ракети – ракетите се модерен начин за истражување на универзумот.
18. Нуклеарна фузија – процесот на разделување на атоми за ослободување на огромни количини енергија доведе до создавање на нуклеарни реактори и атомски бомби.
19. Полупроводници – основата на електричните уреди на модернатата дигитална доба.
20. Персонален компјутер – креиран во 1970 година, персоналниот компјутер ги зголеми човековите можности и отвори пат кон нови откритија и иновации.
Бонус : 21. Интернет – Една од најмодерните иновации на кои се темели модерното човеково функционирање и живеење. Комплетна трансформација на комуникацијата, маркетингот, забавата, политиката и сите останати сфери од човековите живеење.