Министерството за образование и наука го објави Конкурс за доделување студентски стипендии за странски државјани кои се од интерес за Македонија за студиската 2022/2023 година. Се доделуваат 50 студентски стипендии на странски државјани кои се од интерес за Македонија, а се со македонско потекло и живеат во Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, Турција, Романија, Црна Гора и Грција.
Во конкурсот се наведува дека стипендијата се доделува за додипломски студии од прв циклус колку што се предвидени со статутот на високообразовната установа во Македонија (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, Универзитет „Мајка Тереза“ Скопје и Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид).
- На корисникот на стипендија целосно му се надоместуваат трошоците за студирање: уписнина, бесплатно сместување и исхрана во студентски дом, месечна стипендија, примарно здравствено осигурување, трошоци за издавање и продолжување на дозвола за привремен престој на странец заради студирање. Министерството за образование и наука определува во кој студентски дом ќе се смести кандидатот кој се стекнал со право на стипендија - стои во конкурсот.
Пријавите и потребните документи се доставуваат до дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија, кои се во државата во која кандидатот живее, најдоцна до 15 септември 2022 година.
Целиот конкурс можете да го видите
ТУКА.