X
 10.07.2022 Здравје

Се продава пилула што го спречува мамурлакот

Во Обединетото Кралство почнува да се продава пилула која може да им помага на луѓето да се разбудат без мамурлак по прекумерно пиење во текот на ноќта.

Лекот наречен „миркл“ (Myrkl) треба да им помогне на луѓето да се чувствуваат свежи наутро со тоа што ќе го забрза разложувањето на алкохолот пред тој да стигне до црниот дроб. Се препорачува да се земат две пилули најмалку еден час пред пиењето алкохол за да има максимален ефект.

Пилулите го разложуваат алкохолот најмногу 12 часа. Суплементот не може да се купи во аптеките, но може да се порача онлајн, а едно пакетче со 30 пилули чини 30 фунти.

Според истражување спроведено од произведувачот на пилулата заедно со шведската фармацевтска фирма „Де фер медикал“ и Институтот за наука и здравје „Фицнер“, пилулите ја намалиле концентрацијата на алкохол во крвта за половина во првите 30 минути по пиењето, а 70 отсто во првиот час.

Пилулата била измислена во 1990 година од шведскиот научник Јохан де Фер и се развивала над 30 години.

Извор: Independent
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје