X
 25.06.2021 Технологија

Заборавете на ракетите, овој вселенски балон ќе почне со пренесување на патници во 2024 година

Компанија од Флорида нуди поинакво искуство со летање во вселената од оние на „Блу ориџин“, „Вирџин галактик“ и „Спејс екс“.

„Спејс перспектив“ вели дека успешното лансирање на својот вселенски балон, „Нептун уан“, покажува дека е можен друг вид на патување во вселената.

За разлика од капсулата слична на авиони од другите комерцијални вселенски компании, „Нептун уан“ ќе има безжичен интернет, тоалет и бар, кој ќе плови 19 километри на час во стратосферата. Капсулата може да собере осум патници и еден пилот.

- Сè ќе биде бавно, нежно и пријатно. Нема со огромна брзина да патувате во вселената на врвот на ракета - вели Џејн Поинтер, кој ја основала компанијата заедно со нејзиниот сопруг „Табер Мекалум“.

Шестчасовното патување е во контраст со 11-минутните летови на другите ракети. Исто важи и за цената: „Спејс перспектив“ ја отвори продажбата на билети за првите комерцијални летови во 2024 година за 150.000 долари. „Вирџин Галактик“ прво планираше цената да биде 250.000 долари за своите први летови, но се очекува тој број да се зголеми, додека астронаутот кој ќе им се придружи на Џеф и Марк Безос на комерцијалниот лет „Блу ориџин“ плати 28 милиони долари за местото.

2

Вселенскиот балон не оди толку високо како другите вселенски летала. Лета до 30.000 метри во споредба со другите кои кратко ја поминуваат „Карман линијата“, што научниците ја сметаат за разделувач помеѓу атмосферата и вселената на Земјата. Таму, туристичките астронаути ќе доживеат бестежинска состојба неколку минути, нешто што не се случува на вселенскиот балон на „Спејс перспектив“.

Поинтер вели дека летот на „Нептун“ ќе биде сличен на другите патувања.

- Искуството не се разликува од другите комерцијални летови за вселенски туризам. Можете да го видите целото црнило на вселената - вели таа.

2

Вселенскиот балон ќе има пилот, но ќе може и да се контролира од далечина. Ќе слета во вода, со брод кој ќе ги собере патниците. Капсулата што е дел од него ќе се користи за повеќе летови, додека балонот ќе може да се користи само еднаш.

Неколку истражувања предвидуваат дека вселенскиот туризам ќе може да стане индустрија вредна 250 до 500 милијарди долари.

- Веќе почнувате да гледате како се развива целиот еко-систем, вклучително и компании насочени кон обука и услуги, па дури и вселенска туристичка агенција - вели Поинтер.

Извор: Robbreport.com
Фото: Courtesy Space Perspective
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија