X
 30.09.2022 Живот

Патување со воз ве води низ Арктичкиот Круг и под поларната светлина

Како што се доближува зимата, долгите црни ноќи, особено оние на север во близина на Арктичкиот Круг, обезбедуваат оптимални услови за набљудување на еден од најубавите природни феномени на Земјата - поларната светлина позната како аурора бореалис.

За повеќето од нас, набљудувањето на овие живописни, танцувачки бранови на светлина е можност што се случува еднаш во животот. Можност што е бескрајно поверојатна на 11-дневно патување со воз што се движи длабоко во Арктичкиот Круг.

1
Фото: Vacation by rail

Имено, на ова патување што го нуди „Вакејшнс бај реил“ патниците добиваат многу можности за набљудување на поларната светлина додека патуваат низ Норвешка и Шведска на некои од најубавите железнички линии во Скандинавија.

Целото 11-дневно патување од 10 ноќи започнува во Осло, Норвешка, пред да се пресели во Трондхајм, норвешки град богат со викиншко наследство со прекрасни тесни улички и чуден стар кварт. Оттаму, гостите се качуваат на железницата Нордланд, позната и како „Полар експрес“. Пред да пристигнат до Бодо, возот ќе помине во Арктичкиот Круг на 66 степени северно.

1
Фото: Wikipedia

Следно е ферибот до островите Лофотен, кои имаат неверојатен драматичен пејзаж и се едни од најдобрите области за набљудување на поларната светлина во светот.

Други моменти вклучуваат патување по железницата Офотен, која минува низ Шведска и е една од најсеверните железнички линии во светот, како и посета на Кируна, најголемиот град во шведската Лапнија. Додека се во Лапонија, домот на домородните жители на Скандинавија, народот Сами, патниците ќе го посетат селото Сами, ќе уживаат во традиционалниот ручек и ќе го посетат познатиот „Ајсхотел 365“.

Пред да одат во Стокхолм, Шведска, која е последната етапа од 11-дневното патување, патниците ќе можат да ја посетат фармата за хаски и да уживаат во возењето со санки со кучиња низ ледениот зимски пејзаж.

3
Фото: Vacations By Rail

Епското патување низ Норвешка, шведска Лапонија и Арктичкиот Круг ги вклучува сите железнички и автобуски трансфери, летови, 10 ноќевања во хотел, тури со водичи и оброци.

Извор: Travelandleisure.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот