X
 25.07.2018 Наука

Големо откритие на Марс

Научниците открија докази за течна вода на Марс. Тие веруваат дека тоа е езеро под ледената капа на јужниот пол на планетата и се протега на површина од околу 20 километри.

Ова се првите откриени знаци на тело со вода на оваа планета. Претходните истражувања покажуваа дека и во минатото имало вода на Марс. Сепак, климата на планетата се променила и поголемиот дел од водата останала заробена под ледот.

Резултатите се возбудувачки бидејќи научниците долго бараа знаци за вода која сега ја има на Марс, но тие истражувања не носеа вакви резултати. Ова е нова надеж дека има живот надвор од Земјата.

Фото: BBC

Водата е откриена со помош на радарскиот инструмент „Марсис“ на леталото на Европската вселенска агенција (Еса), Марс експрес.

-Ова, веројатно, не е многу големо езеро. Марсис не можеше да утврди за колку дебел слој на вода станува збор, но истражувачкиот тим проценува дека е минимум еден метар. Тоа го квалификува ова како тело со вода. Тоа е езеро, а не некоја вода што се собира меѓу карпа и мраз, како што се случува во некои глечери на Земјата - изјави професорот Роберто Орозеи од италијанскиот Национален институт по астрофизика.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука