X
 11.10.2023 Живот

Орбитерот за извидување на Марс направи интересна фотографија на Црвената Планета

Орбитерот за извидување на Марс (MRO) направи интересна фотографија на 12 декември 2022 година.

Иако наликува на мечка, станува збор за рид на Марс со необична форма. Структурата во форма на V го прави носот, двата кратери ги формираат очите, а кружната шема наликува на главата на мечката. Моделот на кружната форма може да се должи на таложење нанос над затрупаниот кратер.

Лансиран на 12 август 2015 година, орбитерот за извидување на Марс ја проучува историјата на водата на Марс и ги набљудува карактеристиките на површината на планетата.

мечка

Извор: NASA.gov
Фото: NASA/JPL-Caltech/University of Arizona
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот