X
 25.08.2021 Живот

Како девојка по потекло од Србија му помогнала на Јамајчанец да стигне до златен медал?

Олимписките игри во Токио завршија пред повеќе од две недели, но светската јавност сѐ уште е воодушевена од еден настан надвор од спортските арени.

Пред десетина дена Јамајчанецот Хенсл Парчмент, кој освои олимпиското злато, објави видео на социјалните мрежи во кое ѝ се заблагодарува на волонтерка која му позајмила пари.

Благодарение на девојката, тој навреме стигнал на полуфиналната трка на 100 метри со пречки.

На пат кон стадионот, тој пред себе имал многу поголема пречка што подоцна успеал да ја совлада - се качил на погрешен автобус и тоа го сфатил кога бил премногу далеку за да се врати во олимпиското село.

Побарал помош од волонтерка, која му покажала каде да најде такси. За жал, олимпиецот немал пари со себе. Така, волонтерката Тијана Кавашима-Стојковиќ, која има српско потекло, му позајмила пари, а по победата во финалето тој ја побарал на истото место. Ѝ го вратил долгот и ѝ дал подароци.

Благодарение на Тијана, Хенсл го освои вториот олимписки медал, бидејќи освои сребро во истата дисциплина во Лондон во 2012 година.



Извор: BBC
Фото: BBC
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот