X
 22.09.2022 Образование

„Принстон“ ќе ги покрие трошоците на студентите чии семејства заработуваат под 100.000 долари

Студентите на додипломски студии чиј приход од домаќинството е помал од 100.000 долари нема да плаќаат за упис на Универзитетот „Принстон“, објави факултетот. Овој чекор е дел од новата политика на „Принстон“ за финансиска помош.

Почнувајќи од есента 2023 година, овие студенти нема да мора да плаќаат школарина или соба, и секоја академска година ќе им бидат дадени по 4.050 долари за книги и лични трошоци.

Корист од оваа промена ќе имаат повеќе од 1.500 студенти, или 25 отсто од студентското тело.

- Една од дефинирачките вредности на „Принстон“ е нашата посветеност да обезбедиме талентираните студенти од сите средини да си дозволат образование на „Принстон“ и да цветаат на нашиот кампус и во светот надвор од него - изјави претседателот на Универзитетот, Кристофер Л. Асјгрубер.

Претходно, за студентите од семејства кои заработуваат помалку од 65.000 долари универзитетските грантови ги покриваа трошоците за школарина, соба и пансион. За оние чиј приход од домаќинството беше 65.000 и 95.000 долари, имаше просечен семеен придонес од 8.500 долари.

За сите семејства што заработуваат над 65.000 долари, студентите требаше да платат 3.500 долари, но сега ќе бидат укинати без оглед на нивото на приход.

Дополнително, „Принстон“ ја измени својата политика за финансиска помош во 2001 година за да ги елиминира заемите од пакетите за финансиска помош.

- Промените на нашите веќе дарежливи политики за финансиска помош ќе бидат важен дел во регрутирањето студенти од различни социо-економски средини, покажувајќи им дека образованието во „Принстон“ е достапно за сите - изјави деканот за прием и финансиска помош, Карен Ричардсон.

Извор: Npr.org
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование