Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола денеска, 25.8.2023 г. објави Јавен оглас за вработување генерален секретар, една од клучните позиции на Универзитетот, во делот на организацијата и работата со Стручната и административна служба.
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 15 работни дена, од денот на објавување на Јавниот оглас во печатените дневни весници „Нова Македонија“ и „Коха“, како и во Агенцијата за вработување и Центарот за вработување во Битола.
Огласот е поставен и на официјалната веб-страница на
УКЛО.
Инаку, во согласност со Законот за високото образование и Статутот на УКЛО, Стручната и административна служба се организира како интегрирана стручна и административна служба на Универзитетот, која ја сочинуваат Централната стручна и административна служба – Ректоратот и стручните и административни служби на единиците.
Генералниот секретар за својата работа е одговорен пред ректорот и Универзитетскиот сенат.
(Комерцијална објава)