X
 29.11.2019 Образование

Одржана работилницата „Креирај едукативни активности за најмладите“

Дводневната работилница „Креирај едукативни активности за најмладите“ се одржа на 15 и 16 ноември 2019 година, при што беа изготвувани дидактички и игровни едукативни материјали кои се поврзани со воспитно-образовни подрачја и во иднина ќе бидат поставени на националната веб-платформа.

Овој настан е во рамките на проектот „Поставување поволно опкружување за подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку кокреирање и иновации“ #Inno4Edu, кој е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на британската амбасада Скопје, Министерството за труд и социјална политика, Бирото за развој на образование, Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ, а го спроведува СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации. Проф. д-р Татјана Атанасоска од Педагошкиот факултет-Битола учествуваше во изготвувањето на материјалите што се од непроценливо значење за воспитно-образовната работа со предучилишните деца.

rabotilnica

Таа изјави дека на дводневната работилница се изработуваа дидактички материјали и игровни активности за спроведување наставен час, кои подоцна ќе бидат јавно достапни и отворени за користење на националната веб-платформа за образование. Секој од тимовите подготви најмалку 3 материјали/активности за спроведување час, наменети за деца од 3 до 10 години во одредена област. На тимовите им помагаа и графички дизајнери кои ги претставија нивните идеи на визуелен начин, како и образовни ментори за проверка и консултација за насоките за изработка на материјалите.

Платформата за образование ќе биде место каде што одделенски наставници, воспитувачи и родители ќе можат да пронајдат материјали и инспирација за подобро спроведување на часовите, за имплементирање нови начини на учење преку игра и креативни алатки за поттикнување на социо-емоционалниот развој кај децата. Националната веб-платформа за образование има цел да прерасне во дом на голем број материјали и игри за едукација.

Инаку, на работилницата „Креирај едукативни активности за најмладите“ во рамките на проектот „Поставување на поволно опкружување за подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“ што се одржа на 15 и 16 ноември 2019 година, учество зедоа 15 тима, 60 учесници, 8 ментори и говорници, 15 графички дизајнери, што овозможи низ многу креативност да се промовираат над 45 иновативни образовни игри кои создаваат услови за многубројни и квалитетни промени.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование