X
 22.12.2022 Култура

Критичарите ги одбраа најлошите филмови што излегоа годинава

Критичарите Овен Глајбермен и Питер Дебриџ од американското списание „Варајети“ составија листа со најлоши филмови што излегоа оваа година. На листата се наоѓаат познати наслови, како „Блондинка“ и „355“. Секој од критичарите одбрал по пет нови филма за кои смета дека се најлоши годинава.

Глајбермен на прво место го ставил филмот „Амстердам“, кој го оценил како „бизарно фијаско“ на Дејвид Расел кое истовремено е на граница да биде здодевно, парализирачко и неповрзано.


На второ место се „Мињони: подемот на Гру“ (Minions: The rise of Gru), па следуваат „Коски и друго“ (Bones and all), „Потпалувач“ (Firestarter) и „Три илјади години копнеење“ (Three thousand years of longing).

Дебриџ на прво место на својата листа го ставил филмот „Блондинка“ (Blonde), кој ја раскажува приказната за животот на Мерилин Монро. Критичарот навел дека „режисерскиот еднодимензионален поглед на Мерилин - оваа комплексна и непозната жена ја сведува на статус на жртва што улогата ја прави толку плитка“.


На второто место на неговата листа се најде „Голема бубачка“ (Big bug), па следуваат „Меур“ (Bubble), „Спајдерхед“ (Spiderhead) и „355“.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура