X
 13.10.2016 Култура

Геометријата во филмовите го обликува нашето мислење за ликовите



Геометрија во филмовите


Кругови. Триаголници. Правоаголници. Како гледачи, не очекуваме да видиме вакви нешта, но филмовите користат форми за да можат суптилно и долготрајно да влијаат врз нашите емоции. Кружните облици се симпатични, триаголниците значат злобност, додека, пак, правоаголниците се здодевни. Геометријата што се користи во снимките има наменска улога да ги манипулира нашите чувства.

Негативците вообичаено се претставени со остри форми со цел да се истакне нивната одбивност – само помислете на Злобната вила или на Дарт Вејдер. Добрите „дечки“ се помеки и заоблени, за да изгледаат симпатично и мило, како на пример, Мики Маус или Балу од Книга за џунглата. Правоаголните изрази се наменети за здодевни и старомодни ликови како Карл Фредриксен од Up.

Употребата на геометриски форми е најизразена во анимираните филмови, бидејќи креаторите сами ги цртаат своите ликови со намера да го оформат карактерот на ликот.

Сепак, геометријата е сеприсутна во филмот, бидејќи секогаш се појавуваат линии што ни го привлекуваат вниманието во одредена насока во The Shining, на пример, или линиите што треба да ни посочат дека ликот е „уловен“ во Catch me if you can.

Сите геометриски форми во филмовите се прикажани на видно место. Само треба да ги воочиме.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура