Повеќето луѓе чекаат да дојдат летните месеци за да патуваат, но за љубителите на зимата постојат хотели од мраз што може да понудат подобро искуство од која било плажа. Во продолжение се најдобрите хотели од мраз за годинава.
„Иглу Дорф“, Гштад, Швајцарија
Хотелот се состои од тунели од мраз што поврзуваат 11 соби. За да се направат собите, потребни се по 3.000 часа секоја зима. Хотелот нуди базен и сауна во непосредна близина, како и домашно греано вино и традиционален оброк со топло сирење. Хотелот е отворен од 23 декември до 1 април.
„Ајсхотел“, Јукасјарви, Шведска
View this post on Instagram
MAKING SPACE FOR NEW ART – The beautiful Victorian Apartment – including lamps, library, fire place and even some false teeth – has just moved back to the mighty Torne river. “With the new dimensions in Icehotel 365 I thought of an elegant apartment in Europe from last century. The visual properties of ice and snow create the perfect layering of translucency, light and shadows.” / Designer @lucanorway Luca Roncoroni, Creative Director at Icehotel _________________________________ THE VICTORIAN APARTMENT – A 20th century royal dream. This sensorial experience gives you an ethereal feeling with its high ceiling, incredible details and elegant style. The time specific reminders; patterns and objects from last century, set the stage in this frozen Deluxe Suite. LUCA RONCORONI is an Italian architect and designer based in Norway, specializing in temporary architecture and installations, exhibitions and design. He likes photography, skiing and running with his dog Nero. Soon we will see new art from Luca Roncoroni at Icehotel. . . . Photo @asafkliger #swemester #icehotel #icehotelsweden #icehotel365 #staycation #beautifuldestinations #swedishlapland #visitsweden #nordichotelsandresorts #themehotel
A post shared by ICEHOTEL Sweden (@icehotelsweden) on
Хотелот првпат бил изграден во 1989 г. Инаку, се гради секоја година од 2.500 блокови од снег и мраз што тежат по два тони. На крајот од сезоната се остава да се стопи и водата се враќа во реката во близина. Но во текот на зимата во хотелот има уникатни соби, снежни скулптури и уметност од мраз. Хотелот користи само обновлива енергија. „Ајсхотел“ е отворен од 11 декември.
„Арктик сноухотел“, Рованиеми, Финска
Хотелот се наоѓа во Лапонија. Тој е игло со 30 соби и се гради секоја година од мразот во езерото во близина. Спалните соби се направени од снег и мраз, како и барот, ресторанот и капелата. Хотелот е отворен од 15 декември до 31 март.
„Сориснива иглу хотел“, Алта, Норвешка
Ова е најсеверниот хотел од мраз во светот и еден од најголемите. Секоја година се користат 250 тони мраз и 7.000 кубни метри снег за да се изградат 20 соби, 3 семејни соби и 5 апартмани. На креветите во собите има кожа од ирвас, како и вреќи за спиење отпорни на ниски температури. Хотелот е отворен од 20 декември до 7 април.
„Сноу вилиџ“, Китила, Финска
Ова „снежно село“ се гради од 350 тони природен мраз и 20.000 тони снег. Секоја година се прават различни украси од мраз. Покрај соби, во хотелот има ресторан, бар и капела изградени од мраз. Тој е отворен од 21 декември до 4 април.
„Шнидорф“, планинска област Тирол, Австрија
Овој хотел може да смести 44 гости и се наоѓа на планина. Во хотелот има бар направен од снег. Тој е отворен од 26 декември до 4 април.
„Томаму“, Хокаидо, Јапонија
Ова е единствениот хотел од мраз во Јапонија. Тој е опколен со дрвја, а во него може да престојуваат само двајца гости истовремено кои ќе спијат на стилски кревети од мраз. Хотелот е отворен од 10 декември до 14 март.
„Хотел д глас“, Сен-Габриел-де-Валкартие, Канада
Ова е единствениот леден хотел во Северна Америка. Во него има ледени лустери и снежни скулптури, како и капела за венчавки. Во близина има и сауна и џакузи, кои овозможуваат капење и уживање под ѕвездите. Хотелот работи од 2 јануари до 21 март.
„Киркенес“, Киркенес, Норвешка
Овој норвешки снежен хотел е отворен 365 дена. Секоја од собите е украсена со уметност инспирирана од локалните зимски животни, како волците и бувовите.
Автор: Даниел Фахи
Извор: lonelyplanet.com